Во изминатите два месеца „Витаминка“ лансираше пет нови производи на пазарот, „цевитана“ со вкус на ананас и „валенсија“ од портокал, „фрути кекс“ со овошно желе од малина и вишна и нов интегрален кекс „деспина“ прелиен со црно чоколадо. Ги следиме трендовите и постојано внесуваме иновации во нашите производи со цел да ги задоволиме барањата и желбите на потрошувачите, креирајќи производ што го бараат тие. Витаминскиот пијалак "цевитана", кексите "фрути" и "деспина" им се добро познати на нашите потрошувачи, па сега ќе имаат можност да уживаат во повеќе вкусови. Новите производи не изостануваат од веќе добро познатиот квалитет на производите на ’Витаминка.
Во изминатите два месеца „Витаминка“ лансираше пет нови производи на пазарот, „цевитана“ со вкус на ананас и „валенсија“ од портокал, „фрути кекс“ со овошно желе од малина и вишна и нов интегрален кекс „деспина“ прелиен со црно чоколадо.
„Ги следиме трендовите и постојано внесуваме иновации во нашите производи со цел да ги задоволиме барањата и желбите на потрошувачите, креирајќи производ што го бараат тие. Витаминскиот пијалак ’цевитана’, кексите ’фрути’ и ’деспина’ им се добро познати на нашите потрошувачи, па сега ќе имаат можност да уживаат во повеќе вкусови. Новите производи не изостануваат од веќе добро познатиот квалитет на производите на ’Витаминка“, изјави Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“.
„Цевитана - ананас“ и „цевитана - валенсија“ портокал се витамински инстант-пијалаци што содржат 9 витамини неопходни за нормално функционирање на организмот. „Фрути“ кексите од вишна и од малина се десерт од мек бисквит и овошно желе прелиено со висококвалитетно млечно чоколадо. „Деспина“ е интегрален кекс со овесни снегулки, богат со природни диетални, влакна прелиен со темно ниско калорично чоколадо.